| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел вети финансиска помош за борбата против шверцот со луѓе преку Средоземно Море

­ Германскиот канцелар Ангела Меркел денеска вети дека до крајот на годината ќе обезбеди финансиска помош од 50 милиони евра за борбата со шверцот на луѓе во Средоземно Море и факторите кои ги тераат мигрантите да заминуваат за Европа, пренесе ДПА.

Меркел изјави дека со финансиската помош ќе се поддржат операциите на Високиот комесаријат на ОН за бегалци и Меѓународната организација за миграција (ИОМ). ­Оваа работа не треба да пропадне од финансиски причини, изјави таа на заедничка прес конференција во Берлин со високиот комесар на ОН за бегалци, Филипо Гранди, и генералниот директор на Меѓународната организација за миграции, Вилијам Лејси Свинг, кои ги пофалија нејзните напори за справување со миграциската криза во Европа.

Свинг и заблагодари на Меркел за нејзиното смела и далекувида одлука од 2015 година за отворање на границите на Германија за стотици илјади мигранти и бегалци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top