Граѓанското движење против осиромашување повторно ја повика Владата веднаш да запре да ја става иднината на граѓаните на Република Македонија и иднината на идните генерации на коцка.
– Владата треба веднаш и без одлагање да запре со понатамошно задолжување на државата. Република Македонија не може да се задолжува за непродуктивни расходи, кои не генерираат дополнителен раст до безконечност. Владата треба веднаш и без одлагање да запре со задолжувањата, во спротивност сериозно се загрозува опстанокот на идните генерации, истакна Јелена Стоилковиќ од движењето.
Вели дека Владата за само два месеци ја задолжила државата за повеќе од 100 милиони евра, задолжувања потрошени за непродуктивни расходи.
-Движењето против осиромашување бара од Владата да се откаже од зголемување на даноците, што би влијаело негативно врз македонската економија, би ја зголемило невработеноста, и ќе има далкусежни последици по растот и развојот на државата. Бараме намалување на даноците и трошоците за придонеси од 27 на 25 отсто, со цел креирање на нови работни места и поддршка на претприемништвото, како многу повеќе луѓе се охрабрат да стартуваат свој бизнис, со што би си ја обезбедиле својата егзестенција, посочи Стоилковиќ.
Движењето апелираше Владата веднаш да се откаже од непродуктивните трошења и велат дека и натаму ќе продолжат со отпорот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)