Возачот на принцезата Дијана првпат јавно проговори, 20 години по несреќата. Тој во емисијата „Добро утро, Британијо“ призна дека би сакал кобната ноќ тој да седи зад воланот велејќи дека другиот возач возел пребрзо.
Колин Тебут, еден од најблиските асистенти на Дијана, отишол во болничката соба во Париз веднаш по нејзината смрт за да се погрижи за сите детали. Раскажал дека на прозорците ставил ќебиња за никој да не може да види што се случува внатре.
-Најдов вентилатори за да ја оладам собата во која беше многу топло. Додека шетав околу просторијата, трепките и косата на принцезата се поместуваа и тоа многу ме вознемири, рекол тој.
Тебут рекол дека принцезата имала смисла за хумор и дека кон сите се однесувала со почит.
-Не сум слушнал ниту еден лош збор за неа, рекол тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)