| четврток, 6 декември 2018 |

Да играа само Шпанци, Реал Мадрид ќе испаднеше од Примера

Да играа само Шпанци, Реал Мадрид ќе испаднеше од Примера дивизион, според анализата што ја направи еден од веб-страниците за статистика. Се сметаат само стрелците, односно головите, а во Реал ги има малкумина испорачани од шпанските играчи. Домашните фудбалери во Реал постигнаа само 13 погодоци, што го носи „кралскиот“ клуб на третата позиција, но оздола. Позиција за испаѓање, но анализата не е којзнае колку влијателна и издржана, иако е интересна.

Барселона повторно би била шампион благодарение на головите на Фабрегас, Иниеста, Телјо…, а вицепрвак би бил Реал Сосиедад. Очекувано при врвот е Атлетик Билбао, клуб што традиционално се потпира на играчи од баскискиот регион.

Spanija

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top