| четврток, 6 декември 2018 |

На еден степен од црвена фаза – и денес пекол

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а во источните од јужен правец. Температурата ќе се движи од 33 до 40 степени. Во Скопје температурата ќе достигне до 40 степени. Целата земја се наоѓа во портокалова фаза веќе осми ден. Прв пат во последните 10 години температурите надминуваат 40 степени повеќе од 2-3 дена. Пеколно жешкото време трае предолго, ги изморува и ги исцрпува луѓето, но и покрај ова конкретни мерки нема – здравствените власти само препорачуваат од работа да бидат ослободени бремените жени и хронично – болните луѓе постари од 60 години. И дали и колку се почитуваат овие  препораки одлучува совеста на граѓаните и на работодавачите. За да се прогласи последната, црвена фаза, која предвидува ригорозни заштитни мерки треба да бидат има 42 степени, што е само за 1 степен повеќе од температурата измерена деновиве.

Алармантната црвена фаза е исто што и кризна состојба и тогаш се постапува како во услови на елементарна непогода. На работа не треба да оди никој со што ќе се намали и фреквенцијата на луѓе на отворено. Според синоптичарите пеколно топло ќе биде уште утре и в сабота претпладне, со дневна температура до 40 степени и УВ индекс 9. Краткотрајно заладување ќе донесат врнежите и грмежите в сабота попладне.
И натаму граѓаните пожелно е да не излегуваат надвор во критичниот период од 11 до 17 часот, да не се изложуваат директно на сонце, да носат лесна и светла облека, како и да пијат по најмалку 2 литра вода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top