Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а во источните од јужен правец. Температурата ќе се движи од 33 до 40 степени. Во Скопје температурата ќе достигне до 40 степени. Целата земја се наоѓа во портокалова фаза веќе осми ден. Прв пат во последните 10 години температурите надминуваат 40 степени повеќе од 2-3 дена. Пеколно жешкото време трае предолго, ги изморува и ги исцрпува луѓето, но и покрај ова конкретни мерки нема – здравствените власти само препорачуваат од работа да бидат ослободени бремените жени и хронично – болните луѓе постари од 60 години. И дали и колку се почитуваат овие препораки одлучува совеста на граѓаните и на работодавачите. За да се прогласи последната, црвена фаза, која предвидува ригорозни заштитни мерки треба да бидат има 42 степени, што е само за 1 степен повеќе од температурата измерена деновиве.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.