Здравко Савески од Левица денеска преку Фејсбук го прозва пратеникот на СДСМ и поранешен член на т.н. Шарена Револуција, Павле Богоевски и го праша од што се изморил, дали од 80-те илјади денари плата, од климатизираните услови во Собранието или од К-15 во висина од најмалку просечна плата.
-Павле се уморил, бе. Абе, Павле, ти земаш на 80.000 денари плата, не те експлоатира никој газда, работиш во климатизирани услови, ќе добиеш К-15 во висина од најмалку просечна плата… И, уморен си? Оф леле, гревче.
Единствено може да бидеш уморен од наоѓањето изговори за грешките што почнавте наголемо да ги правите, по само 60 дена на власт. Па фино лепо да го осудиш, на пример, обидот за замачкување од страна на МВР на тоа што никој не понесе командна одговорност за лишувањето од слобода на лица кои мирно протестираа. Нели, тебе особено правото на мирен протест ти е свето право- се вели во статусот на Савески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.