| четврток, 6 декември 2018 |

Поправен компјутерскиот томограф во охридската болница

tomograf

Компјутерскиот томограф во охридската Општа болница, кој повеќе од еден месец не функционираше поради дефект, повторно е ставен во употреба, јави „Охрид њуз“.

Како што информираат од болницата, причина за дефектот била преоптовареноста на апаратот.

Сега се прават напори за обезбедување на потребниот кадар за непречено вршење на снимања на компјутерскиот томограф за да се задоволат потребите на големиот број пациенти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top