Седум терористи подготвувале судир меѓу два брзи возови во Сапасан. Брзите возови требало да се удрат еден во друг при максимална брзина и на специјално избрано целно место – таков бил планот на терористите од Средна Азија.
Нивното апсење се случило во текот на изминатите неколку дена. Терористичкиот акт бил подготвуван со помош на специјален инструмент кој се користи за да се поправат железничките шини.
Атентатот требало да биде извршен токму во моментот кога во близина до местото на трагедијата требало да се наоѓа рускиот претседател Владимир Путин, исто онака како што во април годинава се случи терористичкиот чин во Санкт Петербург .
На 28 јули Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ) уапси група лица од 7 луѓе, дојдени од централноазиски регион. Тие се осомничени за подготовка на терористички акции во Санкт Петербург и против железничкиот сообраќај и масовни собири.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)