Манчестер Јунајтед и Жозе Мурињо ја одржаа официјалната прес-конференција пред утрешниот Супер куп во Скопје.
Дали некогаш помислувавте дека Зидан може да биде тренер на Реал Мадрид?
„Неговите резултати кажуваат дека е добро решение. Дали мислев дека ќе биде добар тренер, никогаш не можам да кажам. Кога бев јас тренер, никогаш не најавуваше дека сака да биде тренер. Малку по малку ми се чини дека почувствува дека сака да стане тренер“
Дали некогаш сте размислувале да го донесете Бејл во Манчестер?
„Воопшто не размислувам за можноста Бејл да го вклучам во мојот тим. Освен ако не е во плановите на Реал Мадрид. Не знам, ќе го пречекам на другата страна и ќе се обидам да се борам со другите тренери кои сакаат да го видат во својот тим. Ако игра утре, тогаш тоа е најдобра потврда дека смета на него за оваа сезона“
На кои играчи нема да сметате утре?
„Негативна излезе жалбата за Фил Џонс. Го немаме Џонс го нема Ерик Баи. Повредени се Рохо, Јанг… Покрај тоа сите се на располагање. Матиќ е на располагање, но не е како што се другите.
Која е разлика помеѓу вашиот и овој Реал Мадрид?
„Основната разлика кога бев јас во Реал Мадрид е што не можеше никогаш да дојде повеќе од 1/4-финале. А кога си заминав, тоа беше тим кој имаше три полуфиналиња од Лигата на шампионите, беа шампиони на Шпанија и беа подобри од Барселона.
Колку е тешко еден освојувач на ЛЕ да победи во овој Суперкуп?
„Ќе се обидеме да го совладаме Реал Мадрид. Но очигледна е разлика во ЛШ и ЛЕ. Но многу е тешко да се освои ЛЕ. Има многу патувања, но и нема многу мотив како што е ЛШ. Очигледен е квалитетот во Лигата на шампионите, кога ќе влезете во полуфиналето, таму се четирите најдобри екипи. Разликата е во квалитетот. Но веруваме дека е можно„ – изјави тренерот на Манчестер Јунајтед на официјалната прес конференција, а потоа даде свое видување и за условите за игра моментално во Скопје.
Температурите се екстремни во моментов. како ќе влијае тоа и дали сте загрижени
„Знаев дека е вакво времето, и бидејќи се вративме во САД, решив да тренирам во Манчестер во 16 часот попладне, но секој ден врнеше. Се обидов да го оддржам тоа чувство на високи температури. Знам дека и за нив е тешко. Знам дека во Мадрид има тренинзи во жешко, тие се попргилагодени. Но мораме да играме, но мораме да уживаме во овој посебен момент. Не се случува секој играч да игра во Супер-Купот, освен ако не сте дел од Реал и Барселона. Ова е посебен момент и треба да уживаме. Дали времето е добро или не, можеби ќе им овозможи малку пауза. Но мора да се обидемед а играме против еропвскиот првак.
Пандев нема да биде тука на натпреварот поради обврските со Џенова. Дали вие би постапиле исто доколку сте на негово место?
„Не сакам да бидам во позиција на мојот колега во Џенова. Тој би рекол да се грижам за мојата работа. Единствено е што можам да кажам дека Горан веројатно е најдобар играч во македонската историја. Негово име е најсилно, и име на фудбалот .
Ова е посебен момент и за земјата. Приватен авион може да направи чуда и може да дојде на натпреварот и да си замине. Но јас не го обвинувам„ – истакна Мурињо во врска со неговиот некогашен пулен од времето кога беше дел од тимот на Интер, и кога Горан пандев беше еден од двигателите на нештата во гигантот од Милано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Остри критики кон Мурињо: Ако има доволно пари, нема потреба повеќе да пречи, нека се откаже
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Мурињо: Тоа не беше казна, не е страшно ако Погба еден натпревар е на клупа
-
Мурињо го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед