| четврток, 6 декември 2018 |

Британците најзгодни мажи, Балканците не се во конкуренција

Британците се најзгодните мажи, но само доколку се исклучи Балканот. Порталот „Мис травел“ спровел истражување, но во истото не се вклучени мажите од Балканот. Според резултатите, најзгодните мажи живеат во Велика Британија, додека на мажите најмногу им се допаѓаат жени од Бразил.

31.000 жени им „суделе“ на мажите,  рекле дека најмногу им се допаѓаат мажите од Велика Британија. Потоа следат Ирска, Бразил, Италија, Америка, Шпанија, Шкотска, Франција, Грција и Порторико.

Од десет земји во кои според истражувањето на „Мис травел“ живеат најзгодните мажи, седум се европски, што би значело дека во Европа живеат најзгодните мажи, пренесува „Анадолија“.

Секоја петта анкетирана жена смета дека Британците се најубави, додека ниту една од земјите од регионот од Западен Балкан не успеа да се најде меѓу првите десет држави во кои живеат најзгодни мажи.

Анкетираните, меѓу кои најмногу биле Американки 47 отсто од нив, рекле дека кај странците најпривлечен им е нивниот акцент, додека британскиот е избран како најубав.

Истиот портал спроведе и анкета меѓу мажите, на кои најмногу им се допаѓаат жените од Бразил, па потоа следат Колумбија, Америка, Шпанија и Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top