Зоран Заев тврдеше дека е храбар и излегол пред јавноста храбро да го соопшти текстот на законот за двојазична Македонија, бидејќи немал што да крие но во неколку наврати како и многупати досега гледајќи ја јавноста во очи се обиде да ја излаже.
Уште пред неколку дена се појавија информации од внатре во владата дека двојазичните банкноти и монети како и униформите на војската се договорени, но на следниот начин:
За да се обиде да се скрие за ова прифатено барање, Заев ќе ги прати до венецијанската комисија (инаку невладина организација која е советодавна, а не обврзувачка) таа да проценела дали таквата промена е уставна или не. Апсурд до апсурд – венецијанската комисија ќе го толкува македонскиот устав, иако Заев во консултација со експерти тврдеше дека ова е противуставно – кога му требаше тоа тврдење да изигрува голем патриот пред своето членство:
Планот беше Заев да тврди пред македонското население дека не се согласил на двојазични банкноти и униформи, како што тврдеше и кога му требаше јавна поддршка – но очигледно и тогаш и сега лажеше.
Тоа јавно го соопшти и Бујар Османи, кој на партиската телевизија на СДСМ гласно кажа дека Заев се сложил на работите за кои после реши да се прави „на Tошо“.
Врвот на лицемерието е што Заев кој вели дека нема што да крие од законот, се крие овој пат зад „венецијанер“ ролетните мислејќи дека така ќе ги изигра граѓаните кои ги смета за лекоумни и дека забораваат.
Вакви интриги, сплетки и лажги Заев се обиде да прави на идентичен начин и со казните за некористење на албанскиот јазик. Кога му требаше за правдање пред Македонците и да ги убедува дека тиранската платофрма не постои, велеше дека нема да има никакви казни. Сега пак, тврди дека казни ќе има.
Притоа, повторно лаже бидејќи вели дека казни ќе има само за институции. Вистината е дека ќе се казнуваат и службеници кои нема да го користат албанскиот јазик со казна во висина од околу 5 просечни плати – значи 5 месеци ќе работи службеник во Пехчево ако не користи албански кога ќе е побарано од него, затоа што тоа е дел од цената која Заев решил дека Македонија ќе ја плаќа за да биде тој на власт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)