| четврток, 6 декември 2018 |

Притисоци, уцени, „технички грешки“: Семејни кланови и политички пиони ќе раководат со здравството

Секторот здравство се покажа како мегдан на кој силите си ги одмерија политичките ривали во Владата. До последен момент се тактизираше со имињата на директорите, се вршеа притисоци, уцени, а д-р Јане Нетковски и д-р Венцо Вијунов наместо директори, како што беше најавено, станаа „технички грешки“.

Кланот Заеви истраја во битката за директорското место на ГАК. На чело на Гинекологија е поставена Викторија Јовановска, блиска пријателка на Зорица Заева. Се воспоставуваат и семејни врски меѓу здравствените установи: сопружниците Костови, Кристијан и Елена, се поставени на чело на ГОБ „8 Септември“ и на Геронтолошки завод.

Министерството за здравство информира дека се именувани нови директори во следните јавни здравствени установи:

– ОБ: Куманово: Д-р Снежана Захаријева
– ЈЗУ УК Хематологија: Д-р Ирина Пановска
– ЗД Дебар: Д-р Јетлум Пашоли
– ЈЗУ УК Радиологија: Д-р Елизабета Стојовска Јовановска
– ГОБ „8 Септември“ : Д-р Кристијан Костов
– ЈЗУ УК Урологија: Д-р Сашо Дохчев
– ЈЗУ УК Гастроентерохепатологија: Д-р Калина Гривчева Старделова
– ЈЗУ Железничар : Д-р Маријана Данич ‎
– JЗУ Стоматологија: Агим Караји
– ЈЗУ Завод за Нефрологија- Струга: Сами Мена
– ЦЈЗ ТОАРИЛУЦ: Илир Хасани
– ЦЈЗ Куманово: Ариф Љатифи
– ОБ Гевгелија: Д-р Митко Кржев
– Психијатриска болница Негорци: Д-р Луба Цилкова
– ОБ Охрид : Д-р Славица Малеска Стојадиновиќ
– Специјална болница за превенција, лекување и рехабилитација од кардиоваскуларни болести „Свети Стефан“: Д-р Гордана Донеска
– ЈЗО Св. Еразмо Охрид: Д-р Ацо Велески
– Психијатриска болница Демир Хисар: Д-р Татјана Лозановска
– Завод за рехабилитација на слух говор и глас: Д-р Силвана Филипова
– ЗД Стругa: Д-р Андон Ложанкоски
– ЗД Вевчани: Д-р Јован Стојковски
– ЗД Демир Хисар: Д-р Маргарета Станојоска Калевска
– ЗД Берово: Д-р Тодорчо Кацарски
– ЗД Велес: Д-р Николче Димовски
– ЗД Делчево: Д-р Мара Глигоровска
– ЗД Кочани: Д-р Лолита Андоновска
– ЗД Маврово Ростуше: Д-р Омер Дервиши
– ЗД Свети Николе: Д-р Славица Панева
– ЗД Штип: Д-р Снежана Манасијевска Трајковска
– ЗД Скопје: Д-р Злате Махмедовиќ
– ЦЈЗ Битола: Д-р Елизабета Крстевска
– ЦЈЗ Прилеп: Д-р Драгица Николовска
– ЦЈЗ Струмица: Д-р Петре Витанов
– ЦЈЗ Охрид: Д-р Сашо Точко
– ЦЈЗ Велес: Д-р Тони Димитриев
– ЦЈЗ Кочани: Д-р Магдалена Манасиева
– ЦЈЗ Штип: Д-р Марија Димитрова
– ЈЗУ УК Ендокринологија: Д-р Саша Јовановска Мисевска
– ЈЗУ УК Гинекологија : Д-р Викторија Јовановска

Таравари потклекна под притисокот на кланот Заеви: Пријателката на Зорица Заева е нова директорка на ГАК


– Психијатриска Болница Бардовци: Д-р Виктор Исјановски
– Клиничка Биохемија: Сефедин Билали
– Геронтолошки завод: Д-р Елена Костова
– ЈЗУ УК Неврологија: Д-р Иван Барбов
– ЈЗУ УК Инфективни и фебрилни болести: Д-р Милена Сефановиќ
– ЈЗУ Дерматовенерологија: Д-р Нина Цаца-Билјановска

Одделението за односи со јавност информира дека се направени технички предвиди при внесување на податоците за следните две здравствени установи:

– Клиниката за уво, нос и грло и за таа цел појаснуваме дека за директор на оваа Клиника е поставена Д-р Габриела Копачева – Барсова, наместо како што беше претходно најавено за Д-р Јане Нетковски.

450 евра за Јането: Новиот директор на Уво нос и грло докажан митаџија (ВИДЕО)


– Здравствен дом Виница: на оваа Клиника за директор е поставен Д-р Венко Данчев наместо како што беше претходно највено за д-р Венцо Вијунов
Им се извинуваме за овој технички предвид и на споменатите доктори и на медиумите. Се надеваме на разбирање од ваша страна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top