| четврток, 6 декември 2018 |

Мајами Хит израмни на 1-1 со убедлива победа против Спарс

Со одлична игра во последните 15 минути од натпреварот, Мајами на крај славеше против Сан Антонио со убедливи 19 разлика за резултат 1:1 во финалето на НБА

2013 NBA Finals - Game Two

Леброн во првите три четвртини имаше само 1 од 13 реализирани шутеви, но на крај натпреварот го заврши со 17 поени, 8 асистенции, 7 скока и дури 3 блокади, меѓу кои и една одлична блокада против Тијаго Сплитер, кој се обиде да ја забие топката.

Хит последниот дел од натпреварот го добија со 28-19, но решавачко беше второто полувреме во кое направија серија од 33-5.

2013 NBA Finals - Game Two

Играчите на Сан Антонио направија премногу грешки во текот на целиот натпревар, дури 10 повеќе од противникот. Паркер имаше 13 поени со слаб шут, а одличен беше Гери Нил, кој погоди 5 тројки по ред. Спарс беа подобри од Мајами во рекетот, но имаа многу полош процент на шут.

Следните три натпревари ќе се одиграат во Тексас и ќе бидат клучни за домаќинот, Сан Антонио, ако сака да ја освои титулата.

httpv://www.youtube.com/watch?v=gtfOOWuB9VM

Мајами Хит : Сан Антониот Спарс – 103-84 (1-1)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top