Вчерашниот предлог-закон за двојазична Македонија од господинот Заев се коси со Уставот на Република Македонија. Доволно е да го видите првиот член од Законот за двојазична Македонија кој го предлагаат Заев, Хазби Лика и Радмила Шекеринска и ќе видите дека овој Закон и овој член се коси со уставните норми од Уставот на РМ. Ние не можеме, ниту смееме да поддржиме закон кој што е спротивен на Уставот, изјави денеска одговарајќи на новинарско прашање пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
-Второ, долго време предупредувавме, и за време на изборната кампања и после изборната кампања дека Заев е марионета која што не ги штити македонските национални интереси, туку истите ги распродава преку Тиранската палтформа, преку договорот со Софија, а се со цел да се искупи од кривичните дела кои што ги направил. Кредитот го плаќа Република Македонија. Нашите национални интереси се дадени на распродажба за да се заштити желбата на господинот Заев, неговата алчност и лакомост и амбиција да остане како премиер на марионетска влада, рече Милошоски.,
Она што е кукавички е направено, нагласи Милошоски, е тоа што на овој предлог закон за двојазична Македонија е ставено европско знаменце.
-Тоа е злоупотреба на европското знаменце за закон кој што нема врска со усогласувањето на македонското со европското законодавство. Ова е направено се со цел законот да може да се расправа во Собранието само три дена. Тоа значи дека брзањето на Заев и на Шекеринска, овој Закон за двојазична Македонија да го донесат во Собранието за само три дена и самите се свесни колку е штетен овој закон, и самите се свесни колку народот го чувствува тоа како свое незадоовлство и пониженост затоа што беше излажан, рече Милошоски.
Тој потенцираше дека на народот никој не му кажа пред изборите дека ќе се носи Закон за двојазична Макеоднија.
-Заев тврдеше дека ќе нема двојазична Македонија, дека ќе имаа 500 евра просечна плата. Заев и Шекеринска тврдеа дека ќе нема двојазична Македонија, туку дека ќе има 100.000 денари плата за лекарите. Народот можеби е молчелив, можеби е трпелив, но најдобро знае дека тој одлучува и дека тоа незадоволство кое што сега се акумулира и ние ќе го изразиме како претставници на народот во Собранието, сигурни сме дека ќе биде најдобрата шанса на 15-ти октомври на локалните избори, Заев да го добие тоа што го заслужил, како секој политичар кој што пред избори го лаже народот, а после избори спроведува туѓи агенди без разлика дали тие доаѓаат од Тирана или од Софија, рече Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)