| четврток, 6 декември 2018 |

Мечка растргна чувар

Деветнаесетгодишен чувар во зоолошка на северот на Шведска загина откако бил нападнат од мечка, јавија шведските медиуми.

Полицијата и итна помош биле повикани утрово во 10.30 во паркот Орса Ровдјурспарк откако еден чувар бил нападнат од мечка. Момчето родено 1998 година, добило медицинска интервенција на местото, но подоцна им подлегнало на повредите.

Извршниот директор на паркот објасни дека нападот се случил кога чуварот заедно со посетители на паркот влегол во живеалиштето на мечка што е вообичаена услуга, но мечката е затворена во друг дел. Сепак. Таа веројатно прокопала пат до изолираниот дел и го нападнала момчето.

Кога момчето не одговорило на токи-воки повикот од колегите тие се упатиле во кафезот, по што повикале полиција. Двајца други чувари ја убиле малата кафеава мечка.
Овој парк е најголем во Европа за животни предатори, и има мечки, тигри, леопарди, волци и друго.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top