| четврток, 6 декември 2018 |

Мицковски: Направени се вистински промени кои ќе резултираат со уште една голема победа на ВМРО-ДПМНЕ

Процесот на реформирање на ВМРО-ДПМНЕ започна со најавите уште за време на роденденската прослава кога претседателот на партијата го најави овој процес кој следуваше и кој што кулуминараше на 29-ти јули вели новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Телевизија 24.

– Можам да кажам дека во новиот извршен комитет на партијата се вклучени ликови кои што беа во минатото присутни кои се искусни по многу основи и кои што имаат допринесено и имаат уште што да допринесат во понатамошното делување на партијата. Но значаен сегмент повеќе од 70% се нови луѓе кои влегоа во извршниот комитет секој со своја специфика и своја тежина од апсект на она што го работел во животот од аспект на она за што се образовал, вели Мицкоски.

Тој верува дека се направени вистински промени и времето само тоа може да го покаже. Според него овој потег е вистински потег за реформирање на партијата и периодот кој што следува ќе биде вистински тест за ВМРО-ДПМНЕ. Тој ги спомна и локалните избори и верува дека она што е направено со реформите ќе резултира со уште една голема победа на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top