Министерството за здравство денеска именуваше уште шест нови директори во јавните здравствени установи. За нови директори се назначени: д-р Дејан Докиќ (Универзитетеска клиника за пулмологија и алергологија), д-р Софија Пејкова (Универзитетеска клиника за пластична и реконструктивна хирургија), д-р Неџати Јакупи (Универзитетеска клиника за торакална и васкуларна хирургија), д-р Јане Нетковски (Универзитетеска клиника за уво, нос и грло), д-р Гојарт Сулејмани (Општа болница Гостивар) и д-р Снежана Трајковска (Здравствен дом Штип).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.