| четврток, 6 декември 2018 |

Извлечени паровите во плејофот за Лигата на шампионите, Ристовски и Жута на мегдан со Олимпијакос

Македонскиот првак Вардар немаше среќа да се најде во еден од шеширите на денешната ждрепка за плеј-офот за Лигата на шампионите, бидејќи загуби во двомечот против Копенхаген, иако имаше предност од првиот меч во Скопје.

Денес во Нион беа извлечени десетте парови, кои ќе ги дадат последните десет патници во групната фаза од најдоброто фудбалско натреварување во Европа.

Карабах – Копенхаген
АПОЕЛ – Славија Прага
Олимпијакос – Ријека
Селтик – Астана
Хапоел Бер Шева – Марибор
Башакшехир – Севиља
Јанг Бојс – ЦСКА Москва
Наполи – Ница
Хофенхајм – Ливерпул
Спортинг Лисабон – ФЦБС
Првите натпревари ќе се одиграат на 15/16 август, а реваншите се на програмата една недела подоцна, односно на 22/23 август.

Победниците ќе им се приклучат на 22 клуба, кои директно обезбедија пласман во ЛШ, во ждрепката за групната фаза, која е закажана за четврток, 24 август во Монако.

Поразените ќе се префрлат во Лигата на Европа, второто по ранг европско натпреварување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top