Забрането е движење по пристапните патеки кои водат кон Канео и плажата „Лабино“ поради возобновувањето на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник. Локалитетот е заграден од сите страни и посетителите не можат да пристапат, објави телевизија „Алфа“.
Недостасуваат и патокази, посебно кога се оди од Канео кон Плаошик, па така туристите лесно залутуваат среде градилиште. Мештаните обвинуваат дека се сечела и боровата шума.
Директорката за охридскиот Завод и музеј, Тања Паскали-Бунташеска, за „Алфа“ вели дека се исекле само неколку дрвја кои не биле заштитени со закон и тоа со дозвола од Општината.
– Сè што се прави, се прави во интерес на реализацијата на овој голем проект, што мислам дека ќе биде еден од најзначајните што се реализирани на територијата на РМ. Граѓаните нека бидат малку трпеливи додека се гради – рече таа.
На западната страна од црквата во моментов се градат музеите, Светиклиментовата библиотека и институт за хуманистички науки. На исток се подига манастирскиот конак и резиденцијата на дебарско-кичевската епархија. Потоа ќе се градат Богословски факултет и светски универзитетски и компјутерски центри. Вкупно 16 објекти, кои се во фаза на карабина, треба да бидат готови за 26 месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Финансиската полиција поднесе кривична пријава за Паско Кузман за градбите на Плаошник
-
Интензивно се одвиваат градежните работи на Светиклиментовиот Универзитет во Плаошник
-
Груевски и Канческа- Милевска извршија увид во градежните работи за обнова на Светиклиментовиот универзитет
-
Затворен патот Прилеп-Битола-Ресен