| четврток, 6 декември 2018 |

Бекер: Да имав можност да играм со Федерер на Вимблдон, сигурно ќе бев поразен!

Борис Бекер, легендарниот германски тенисер и поранешен тренер на Новак Ѓоковиќ, вели дека Роџер Федерер е најдобриот тенисер во историјата на оваа игра. Исто така, Германецот смета дека доколку имал шанса за меч со Федерер, тој сигурно ќе завршеше во полза на швајцарскиот ас.

– Иако е тешко да се да се споредат тенисери од различни генерации, сметам дека Федерер е најдобриот играч што оваа игра го имал во историјата. Тоа го докажува во последните 15 години, а најмногу во оваа сезона кога на свои 35 години освои два Грен слем турнири. Доколку ја имав таа можност во моите најдобри денови да му се спротиставам, мислам дека лесно ќе бев поразен – вели Бекер.

Федекс оваа сезона игра како во своите најдобри денови. Триумфираше на Австралија Опен и Вимблдон, а се закити и со пехарите од Мастерсите во Мајами и Индијан Велс како и на турнирот во Хале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top