-Крајно дрско и безобразно е СДСМ да ги лаже граѓаните дека во ребалансот на Буџетот за 2017 година се кратело од луксузи, а од друга страна си поигруваат со здравјето на многу деца кои имаат последици односно респираторни проблеми од работењето на Топилницата, Окта, ТЕЦ Осломеј и Фени. Не се крати од луксуз, се крати од здравјето на децата. Ова е вистинското лице на СДСМ. Со цел да обезбедат повеќе средства за партиските вработувања кои на големо ги спроведуваат во секоја државна институција, посегнаа по здравјето голем број на дечиња на кои што им беше неопходна оваа климатска рехабилитација која што веќе 15 години се спроведуваше во Пелистер- се вели во соопштението од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Тие остро се спротиставуваат на срамната одлука на Министерството за животна средина да ја укине рехабилитацијата на децата од Велес, Илинден, Осломеј и Возарци која што е последица од многу децениското загадување на животната средина во овие места.
Климатската рехабилитација, се додава во соопштението, се одвиваше со цел и обид за закрепнување на децата кои што се соочуваа со респираторни проблеми и истата беше поздравена и оценета како многу успешна од страна на родителите на децата и медицинските лица.
-За македонската јавноста да биде информирана, средства за климатска рехабилитација која што требаше годинава да се одржзи по 16-ти пат беа обезбедени со Буџетот за 2017 година, но сега СДСМ со ребалансот ги укина овие средства со што ги остави овие деца и нивните родители на милост и немилост. Ова што го прави СДСМ не е кратење од некаков си луксуз туку кратење од животот на овие деца. Ова претставува демоснтрирање на крајно неодговорно однесување на Министерството за животна средина и на Владата предводена од СДСМ. Зоран Заев и СДСМ наместо да го вратат животот како што ветуваа тие секојдневно го кратат животот на граѓаните на Република Македонија. Како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ активно ќе ја следиме оваа ситуација и сакаме да потенцираме дека им стоиме на располагање на родителите на децата кои што беа опфатени со оваа рехабилитација за било каква помош која што би значела повторно државата да си ги превземе обврските за лекување на овие деца, потенцираат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Апелираме, додаваат, до Министерството за животна средина сериозно да ја преиспита оваа крајно нехумана одлука и да обезбедат средства како што беа обезбедени во изминатите 15 години, овие деца да продолжат со климатските рехабилитации, во спротивно најостро ќе се спротиставиме и ќе се бориме Владата на СДСМ да не мисли само како да ги вработи нивните партиски војници туку конечно да почне одговорно да се однесува спрема сите категории на граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Поради политички прогон на неистомислениците и апсење на пратеници: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работата на Собранието
-
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со честитка по повод Денот на државноста 8-ми Септември
-
Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ:Договорот што го спремаат Димитров и Заев е многу штетен за Македонија, затоа се крие од јавноста
-
Овие 48 поданици на муртинскиот Јуда ќе ја свиткаат кичмата пред Албанската платформа