| четврток, 6 декември 2018 |

Поради политички прогон на неистомислениците и апсење на пратеници: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работата на Собранието

Денес во Собранието на Република Македонија се закажани три седници. Сакаме да ве информираме дека Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ нема да учествува во работата на Собранието на Република Македонија на ниту една од овие седници, ова денеска преку соопштение го истакна Ане Лашкоска пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа додава дека нема да учествуваат поради тоа што парламентарното мнозинство не создава и не сака да создаде демократски услови за работа, затоа што се врши политички прогон на политички не истомисленици, со апсење на пратеници, со апсење на уметници, со апсење на луѓе кои што си ја сакаат Македонија.

-Сакаме да ве информираме дека како пратеничка група секојдневно имаме активности, секојдневно имаме средби со амбасадорите, кои што ги информираме за актуелната политичка ситуација. Би сакале да ја информираме јавноста дека како пратеничка група и понатака ќе продолжиме со ваквите наши активности – потенцираше Лашкоска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top