Млад Американец решил да ја запроси саканата и тоа да биде посебно ја извел при еден водопад во сојузната држава Колорадо, секако без таа да ги знае неговите намери.
Но, во најважниот момент, вљубениот Ендру Шумен го испуштил прстенот во водата.
– Ние отидовме и се подготвувавме да скокаме. Цело време го стискав прстенот во рака. И, во најважниот момент почнав да паничам и кога паднав на колена и ја отворив раката, прстенот исчезна, раскажува тој.
Во тој момент кај него настанал хаос, па ги заборавил и зборовите со кои сакал да и вети вечна љубов на својата сакана.
– Чувствајќи очај, јас сепак успеав да се приберам и сепак ѝ предложив брак, додава Ендру.
Приказната има среќен крај. Девојката рекла- ДА!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)