| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот на Туркменистан е копија на Путин! (видео)

Ексцентричниот претседател на Туркменистан Гурбангалеј Бердимухамедов е копија на првиот човек на Русија Владимир Путин. Тој е снимен како ги прикажува своите воени вештини – пука, фрла ножеви, наредува напад. И тоа не е сè! Има и видео во кое пее!

Како што пренесува британски „Телеграф“ Бердимухамедов е снимен во полна воена оперма, со очила за сонце и „со опасен поглед“!

На видеото тој пука од автоматско оружје и пиштоли, фрла ножеви со голема прецизност, издава наредба на хеликоптер да нападне цел. За сето време му аплаудираат построени официри на војската на Туркменистан.

Спотот бил прикажан на државната телевизија.

Инаку, на „Јутјуб“ е поставена верзија која е пародија и ја преработела група на активисти. Спотот е „зачинет“ со сцени од познатиот фил на Арнолд Шварценегер „Командос“. Во ова видео атлетските вештини тој ги заменил со пеење.

Иако видеото е цензурирано во Туркменистан, остана забележано дека снимката на „Јутјуб“ има повеќе од десетици илјади прегледи.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top