Сиска Перелјо слави заедно со своето момче Рафаел Надал, по историската осма титула на Ролан Гарос за шпанскиот тенисер. Надал се запиша во аналите на гранслем-турнирите како единствен во историјата што на исто место освоил осум круни, а, очекувано, тоа се случи на неговата омилена локација, на Ролан Гарос во Париз. Победен е Давид Ферер со 3-0, па сега може да се слави и тоа во друштво на прекрасната девојка Сиска Перелјо.
Нова шанса за гранслем-трофеј ќе чекаат Новак Ѓоковиќ и Роже Федерер, со поубавите половини Јелена и Мирка.
Некој дојде до интересна идеја, па наместо тенисерите ги спротивстави нивните девојки, односно сопруги.
Сиска е во фокусот по славјето на Ролан Гарос, а само уште таа не е сопруга од трите грации на најпознатите светски тенисери.
Јелена од неодамна е Ѓоковиќ, а Мирка одамна е Федерер и единствена што има деца, двете ќерки-близначки Шарлен Рива и Мила Роуз.
Време за одмор и капење нема бидејќи на ред е Вимблдон, третиот гранслем-турнир во сезоната. Во Лондон се игра за две седмици, на трева, а таму прв фаворит е Роже Федерер, бранителот на круната од лани и сопственик на 7 трофеи од Ол-Ингланд клубот.
Кој ќе слави од триото мускетари, Федерер, Ѓоковиќ, Надал, и која грација ќе се радува на трофејот, Мирка, Јелена или Сиска? Или можеби некој друг тенисер ќе има причини за радост со сопругата или со девојката?
Одговорот го крие најценетиот тениски турнир на планетата, Вимблдон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.






