Осумдесет и осум годишната скопјанка Љ.А. се здобила со тешки повреди откако во неа удрил автомобил „Форд фокус“.
Од полицијата информираат дека несреќата се случила вчера околу 12 часот на улицата „Народен Фронт“ кога О.Д.(58) управувајќи автомобил „Форд фокус“ со скопски регистерски таблици удрил во пешакот Љ.А.
-Истата со возило на Итна медицинска помош била префрлена во Градската Општа Болница „8-ми Септември“ каде и биле констатирани тешки повреди и била задржана на понатамошно лекување, информираат од полицијата.
Полицијата извршила увид на местото на несреќата и презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)
-
Маж уапсен бидејќи појадувал со жена (ФОТО)
-
Охриѓанец е осомничен за вчерашното убиство во Велгошти
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките