| четврток, 6 декември 2018 |

Апел од Давитков: Дојдете во сала, не сакаме да се чувствуваме како гости против Косово во „Борис Трајковски“

Селекторот Јорданчо Давитков на официјалната прес-конференција пред стартот на претквалификациите за СП 2018 испрати апел до публиката да ја поддржи кошаркарската репрезентација во обидот да ја мине првата фаза.

Прв меч на домашен терен ни е против Естонија, додека потоа доаѓа „жешкиот“ против Косово. Давитков сака победи, но и поддршка за кошаркарите.

– Се надевам дека на домашен терен ќе добиеме поддршка од публиката на мечевите. Како против Косово, така и против Естонија. Посебно против Косово. Се надевам дека нема да се чувствуваме како гости на домашен терен – заврши Давитков.

Натпреварот против Естонија се игра на 5 август, додека дуелот со Косово се игра на 12 август.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top