Сем Шепард, актер и еден од најважните и највлијателлните драмски писатели на театарското движење „Оф Бродвеј“ почина во 73. година од животот и зад себе остави повеќе од 40 драми, 70 улоги на филм и во телевизиски серии, есеи, мемоари, романи.
Тој во своите текстови се занимаваше со темната страна на животот на американското семејство. Го сметаа за еден од најоригинлните гласови на својата генерација.
Како актер, Шепард настапи во десетици филмови, а во 1983 година беше и номиниран за Оскар за споредна машка улога во филмот „Пат во вселената“.
Шепард во својата кариера напиша и 44 драмски дела и поголем број романи, мемоари и куси раскази. Во 1979 година тој ја доби и Пулицировата награда.
Како дете кое пораснало на ранч во Калифорнија, Шепард во своите дела најчесто пишуваше за теми поврзани со експлозивните семејни состојби и со машката доминација на американскиот Запад.
Како актер, тој оствари повеќе од 70 улоги на филм и на телевизија. Играше во фимовите „Бејби бум“, „Челични магнолии“, „Досие Пеликан“, „Слеп хоризонт“, „Френсис“, „Париз, Тексас“, „Кукавичкото убиство на Џеси Џејмс“…
Глумеше и во театар за што добиваше одлични критики.
Беше познат и како автор на кратки приказни, есеи и мемоари.
Доби Пулицерова награда за „Закопаното дете“ во 1979, а уште две негови драми беа номинирани за истата награда и беа прикажувани на Бродвеј („Вистински Запад“ и „Будала за љубов“).
Неговото последно појавување на екран беше во Нетфликс серијата „Бладлајн“, а критиката последен пат високо ја оцени неговата театарска глума во оф-Бродвеј продукцијата на „Број“ на Карил Черчил од 2004.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)