На социјалните мрежи се поголем дел на граѓани очајно бараат помош од институциите.
-Денес гореше селото Требовље! Со сета добиена помош од надлежните служби, огнената стихија не стивна, напротив влезе во селото!
Луѓе ни треба помош! Авиони и хиликоптери треба нон стоп да гасат, а не да прават паузи од 3 саати! Ни треба помош од странство, овој пожар не го гаси ништо.
Инаку надлежните институции потфрлија пред граѓаните останувајќи со денови глуви на апелите и повиците да се помогне во гаснењето на пожарот кој 10 дена беснее кај селото Требовље во близина на Македонски Брод.
Во повеќедневните пожари кои го зафатија овој дел изгореа илјадници хектари борова шума. Владата на Зоран Заев со 26 министри веќе со денови не презема буквално ништо околу гасењето на пожарите, иако Центарот за управување со кризи (ЦУК) каде директор е Агрон Буџаку има 320 вработени.
По реакциите на граѓаните вечерва владата излезе со тврдење дека двата хеликоптери на АРМ биле на располагање цело време и дека тие сеуште се ангажирани по барање на Дирекцијата за заштита и спасување каде што учествуваат во гаснење на пожарите во Требовље, а од денеска и во Брезница.
– Во текот на денешнот ден активирани се дополнително два пешадиска вода од четвртиот баталојн на АРМ од Кичево кои се веќе на терен. Таму се наоѓа и командантот на Здруженате оператива команда ЗОК, генералот Зоран Милевски. Вкупно има 60 официери и војници на АРМ кои на терен се справуваат со гасење на овие пожари – рече Бошњаковски.
Потенцираше дека ниту еден од ангажиранит луѓе нема да биде повлечен се до целосно гаснење на пожарите. Портпаролот на Владата на РМ информираше дека во моментов тече 18 владината седница и дека првата точка на дневен ред е да се свика Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи кои ќе ги разгледаат овие информации околу пожарите посебно за ситуација околу Македонски Брод.
Управувачкиот одбор, во кој членуваат владините министри за одбрана, внатрешни работи, транспорт и врски и здравство како и директорот на ДЗС, вечерва одржуваат кординација на ова тело кои, според Бошњаковски, уште ноќва ќе превземат активности за ситуацијата за да се стави целосно под контрола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)