| четврток, 6 декември 2018 |

Охриѓанец се скарал со жена си, па ја претепал

30-годишен жител на општина Центар Жупа со тупаници ја претепал сопругата. Против него е поднесена кривична пријава за телесна повреда.

Според информациите на СВР Охрид, пријавениот Е.Н. (30), со живеалиште во Охрид, казненото дело го сторил на 28 јуни оваа година во 14 часот и 30 минути во семејниот дом по расправија што се случила со неговата сопруга.

„Во еден момент од жестоката караница сега пријавениот Е.Н. физички ја нападнал сопругата со тупаници по целото тело по што ѝ упатил сериозни закани за нејзиниот живот“, соопшти полицијата.

Од силината на ударите жената добила телесни повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top