| четврток, 6 декември 2018 |

Верувале или не, лубеницата на скара е уште повкусна

Искористете ги предностите на сезоната за несекојдневни експерименти во кујна. Сите кои ја пробале лубеницата на скара велат дека е одлична.

Состојки

Една лубеница
Маслиново масло
Сок од два зелени лимони
Сол
Коријандер

Подготовка

1. Исечете ја лубеницата на парчиња, намачкајте ги со маслиново масло и сок од зелен лимон.
2. Посолете ги сосема малку и ставете ги парчињата лубеница на скара по 3-5 минути од секоја страна на скарата или на грил тава.
3. Кога ќе завршите, намачкајте ја со остатокот на сокот од зелените лимони и наросете коријандер.

Добар апетит!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top