| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто е здраво да се јаде лубеница?

Летно време сме бомбардирани со пораки дека треба да се јаде лубеница, колку е здрава и корисна за нашето здравје.

Ние денес одлучивме да ви ги претставиме нутритивните факти за лубеницата, за да знаете колку навистина витамини и минерали внесувате со консумирање на оваа освежителна намирница.

Нашата анализа се однесува на количина од 1 килограм.  Не, не претеруваме. Просечна тежина на лубеница кога купуваме на пазар е помеѓу 5 и 10 килограми.  Ако земеме просек од 7 килограми  кога ќе се одбие тежината на обвивката (околу 30 проценти) ќе дојдеме до тежина од околу 4 килограми. Ако сте четиричлено семејство, по килограм на човек.

Со оглед на тоа што најголем процент од бостанот е вода, 1 килограм и не е така голема количина.

Е сега, да видиме што корисно ќе внесеме со таа количина, ќе ги издвоиме најважните нутриенти:

Витамин Ц, преку 100 проценти од дневните потреби. Кога сме кај витаминот Ц, сите ние добро знаеме дека количините од витамин Ц, од нашиот организам се исфрлаат 1 час по конзумацијата. Затоа, неопходно е витаминот Ц, доколку нашиот извор е храната, да се внесува преку целиот ден по одредена количина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top