| четврток, 6 декември 2018 |

Жестока пресметка во семејството Ѓоковиќ, Новак лут на татко му: Срѓан фатен со згодна блондинка во Будва!

Маките на Новак Ѓоковиќ сеуште не завршуваат! Иако одби да оди на операција поради тешките повреди на лакотот, на тенисерот ни лекарствата против болку не му помагаат. И како тоа да не е доволно, Ноле има и други проблеми кои гои мачат. Ѓоковиќ особено го погоди постапката на неговиот татко Срѓан, со која како што се шушка во јавноста, извесно време не е во добри односи. Имено, додека тој минува низ агонија бидејќи не може да ги реши проблемите кои го снајдоа, Срѓан Ѓоковиќ минатата недела дојде во Црна Гора на одмор, пренесуваат српските медиуми. 

Семејството Ѓоковиќ има луксузен стан во пристаништетот Порто Монтенегро во Тиват, но овојпат Срѓан дојде без сопругата Дијана. Ова особено го налутило Новак, па како што пренесува изворот близок на српскиот таблоид „Стар“, имале жестока расправија преку телефон. 

– Ноле во моментов е мошне исцрпен. Никогаш не бил вака слаб ментално и физички. Затоа се врати во белград каде ќе оди на преглед за раката кај еден од најдобрите специјалисти бидејќи повредата мора што побргу да ја излекува. Срѓан отиде на одмор во Црна Гора и Ноле е разочаран што не е со него сега кога му е најпотребен. Тој не е конфликтен по природа, но во момент на бес му се јави на татко му и му рече дека не е во ред да брка девојки на море додека неговиот син тоне и пропаѓа. Срѓан му рекол да ја излади главата и да се фокусира на она што ќе му препорачаат лекарите и да не се грижи каде оди тој и што прави, раскажува изворот на таблоидот „Стар“ и додава дека Јелена сето ова многу тешко го преживува.

– Таа мораше да остане во Монте Карло бидејќи е пред породување, а Ноле не сака да ја оптеретува со своите проблеми, па затоа дојде во Србија. Таа му е во моментов најг0лемата поткрепа и кога слишна за караницата со татко му почнала да плаче.

Таблоидот „Стар“ го фотографирал Срѓан Ѓоковиќ во друштво на згодна блондинка која има околу триесеттина години. Во каков однос е таа со таткото на Новак не е познато, но во еден момент изгледаше дека има расправија. Каде е Дијана, мајката на Ноле и сопругата на Срѓан не е познато, но нивните сосдеи од Тиват потврдиле дека оваа година сеуште не ја виделе, пренесува таблоидот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top