| четврток, 6 декември 2018 |

Во експлозија во Пакистан загинаа четири лица

Пакистанските официјални лица денеска соопштија дека во експлозија на бомба на патот во близина на границата со Иран загинале четири лица, а повредени се петмина.

Инцидентот се случил во пограничниот град Панџур, во провинцијата Белочистан, а експлозијата погодила возило со кое патувале цивили.Како што е наведено, во тек е истрага и засега не е познато кој е одговорен за експлозијата.

Провинцијата Белочистан се соочува со бунт на националистите и сепаратистичките групи, кои бараат поголем удел во регионалните ресурси.

Во оваа провинција се активни и криминални банди, шверцери и организации поврзани со талибанците и со Ал каеда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top