| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку шест лица загинаа при напад во Пакистан

Најмалку шест лица загинаа при бомбашки напад во пакистанскиот град Парачинар.

Засега е познато дека се повредени најмалку 50 лица.

Бројот на жртви може да порасне, соопштија претставниците на локалните власти.

Бомбата експлодирала на пазар во близина на шиитска џамија, кога луѓето се собирале за утринската молитва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top