| четврток, 6 декември 2018 |

Пироло: Милан нема да се бори за Скудетото, туку за место во ЛШ

Италијанскиот калчолигаш Милан направи голема реконструкција на тимот летово, беа потрошени преку 200 милиони евра на девет нови имиња.

До крајот на трансфер пазарот би можел да пристигне уште еден играч од светска класа, но Андреа Пирло не очекува „росонерите” да се замешаат во трката за титулата.
-Милан нема да се бори за Скудетото. Кога почнувате од нула и ќе купите 10 играчи, можат да бидат добри колку сакате, ќе ви биде тешко веднаш да победувате. Треба да ги вклопите на теренот и да играат заедно. Пред Монтелa е тешка но возбудлива работа. Мислам дека целта е да се обезбеди настап во Лигата на шампионите, вели поранешниот играч на „црвено-црните”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top