
Деновиве започна комплетна реконструкцијана детскиот оддел во градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп. Со оваа најнова инвестиција комплетно ќе се промени осветлувањето во овој простор, ќе се замени подот, ќе се уредат ѕидовите и ќе се создадат услови за подобар престој на децата.
-Создаваме еден подобар простор за децата така што тие кога ќе дојдат во библиотеката ќе имаат можност да останат тука подолго време, да се дружат помеѓу себе и да поминат повеќе време со книгите. Со овие средстваод локалната самоуправа се заокружува процесот на реновирање на градската библиотека“, рече Петар Петрески, директор на градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп.

Со оваа најнова инвестиција библиотеката добива уште еден современ простор и катче кое ќе биде од голема корист за најмладите.
-Ова е само еден од големиот бројна проекти кои се реализираа во библиотеката со средства од локалната самоуправа. Претходно ја уредивме читалната со ботаничка градина, за подобар престој на читателите. Исто така за читалната се набавија и нови компјутери. Се изгради и еден современ мултимедијален центар кој се користи за повеќе намени, одржување на повеќе културни манифестации и разни промоции. Се набавија и нови книги, како од странски така и од домашни автори, со што значително се зголеми библиотечниот фонд. Со сите овие инвестиции градската библиотека во Прилеп станува една од најмодерните и најдостапни библиотеки во Македонија- Марјан Ристески, градоначалкник на Прилеп.
Досега локалната самоуправа за модернизирање и подобрување на условите во библиотеката има вложено над 150.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Потребата од дигитализација во 21 век-тема за панел дискусија во библиотеката „Браќа Миладиновци“
-
Музејот на современа уметност доби Библиотека и истражувачки центар
-
„Влези во нов свет“ – Прва национална кампања за подигање на свеста за улогата на библиотеките во заедницата
-
Книжевно пладне во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ посветено на Живко Чинго


