Во новиот број на неделникот „Република“ ќе читате:
Благој Јанков, прва жртва на договорот со Бугарија
Сквернавен и цензуриран споменот за херојот Мучето
Кому му пречел зборот „бугарски“ за да биде на вандалски начин, најверојатно со електрична брусилка, отстранет од споменикот, можеме само да нагаѓаме. Сепак, извршителот на ова грозно дело не ни е потребен за гласно да прашаме – кога и од кои причини градот Струмица се откажала од заштитата на овој споменик на културата? Дали овој народен херој по вторпат е жртва на домашни предавници, овој пат на предавничката политика на Заев и дали станува збор за очигледен пример како ќе изгледа бришењето на делови од македонската историја?
Заев ќе стави потпис на предавството
Македонија се откажа од јазикот, историјата и од суверенитетот
Исто како на филмскиот журнал од 1942 година за потребите на фашистичка Бугарија од церемонијата за „обединување“ на Македонија и на Бугарија среде скопскиот плоштад, сега Заев за Илинден организира церемонија на која ѝ се дозволува на Бугарија да ги пишува македонските учебници, да ги воспитува децата, да ја заблуди јавноста преку контрола на медиумите, да ги цензурира непослушните. Дваесет и шест историчари, доктори по историски науки и универзитетски професори се спротивставуваат на обидите за редефинирање и за фалсификување на македонската историја, чијашто конечна цел е уништување на македонската нација
По почетната еуфорија следува сурова реалност
Разочарувања на секој чекор од новата власт
Македонската влада уште во првите 60 дена од својот мандат увиде дека нејзините планови за менување на државата во поинаков правец од тој што го туркаше ВМРО – ДПМНЕ не функционираат. Поранешната опозиција, која со години ја критикуваше владата на Груевски за „диктаторски, режимски, недемократски, расипнички“ и низа други погрешни потези, сега ги прави истите чекори, без воопшто да почувствува дека треба да ги објаснува. Се разбира, дел од причините за ваквата состојба може да се кријат зад фактот што владата се наоѓа во првите сто дена во кои очекува „милост“ од јавноста, но, реално, принципите врз кои функционира засега, а не се поврзани со рокови, не даваат оптимизам дека и по 100 недели работите ќе се променат драматично
Судските реформи по мерак на Заев
СДС те тужи, СДС те суди
Ви пречи ли некој во остварувањето на плановите? Ви пркоси ли во исполнувањето на предвидените и зададени задачи (тогаш од Белград, сега од Брисел и од Вашингтон)? Ви „текнува“? Ве потсетува ли наведеното на некого? Па, и со временска дистанца од повеќе од шест децении, некои работи, желби и начин на дејствување, воопшто, и не се променети. Афинитетите на политичките атавизми, сосема случајно, како и еден телесен одвишок, постојано испливуваат на површината. Очигледно, во генетскиот код на „комуњарите“ е врежана силната и исконска потреба од помош и поддршка на т.н. „преки суд“, толку потребна алатка за елиминација на политичките противници. Велат дека најновата во редицата макијавелистички максими на партијата од „Павел Шатев“ била: „Менувам име и историја за судство и долго владеење…“
Демократија со превез на очи и лепенка на уста
Министерството за пропаганда ќе ја „закрепнува“ државата
Владата ќе ги држи под контрола сите институции. Секторот за информирање на јавноста со 40 лица преку еден центар ќе ги координира сите информации што ќе ги даваат владините тела. Со други зборови, се формира министерство за пропаганда, кое, во секој случај, ќе сака да пласира само позитивни информации за владата, а, во исто време, ќе ги блокира министерствата и другите институции да даваат навремени информации, кои можат да ѝ наштетат.
Колумна
Одговорност
Облаците поминуваат, времето тече, а ние гледаме многу малку одговорност на нашата политичка сцена. Посебно од тие, кои „го водат орото“, од тие, кои со закани и притисоци станаа власт. Ништо подобра не е ситуацијата во светот, а во некои делови од планетава зацарувал вистински пекол во општествената реалност. Но, „сето тоа народот ќе го позлати“ (Лаза Лазаревиќ, 1881 г.). Повторно со закани, притисоци и со насилство.
Отсекогаш било така, недостигот од одговорност, која би произлегла од почитта кон другиот, созадава револт и конфликти, а има ли помала одговорност од човека што има позиција на роб?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.