| четврток, 6 декември 2018 |

Во новиот број на неделникот „Република“ ќе читате

Во новиот број на неделникот „Република“ ќе читате:

Бла­гој Јан­ков, пр­ва жр­тва на до­го­во­рот со Бу­га­ри­ја

Сквер­на­вен и цен­зу­ри­ран спо­ме­нот за хе­ро­јот Му­че­то

Ко­му му пре­чел збо­рот „бу­гар­ски“ за да би­де на ван­дал­ски на­чин, нај­ве­ро­јат­но со еле­ктрич­на бру­сил­ка, от­стра­нет од спо­ме­ни­кот, мо­же­ме са­мо да на­га­ѓа­ме. Се­пак, из­вр­ши­те­лот на ова гроз­но де­ло не ни е по­тре­бен за глас­но да пра­ша­ме – ко­га и од кои при­чи­ни гра­дот Стру­ми­ца се отка­жа­ла од за­шти­та­та на овој спо­ме­ник на кул­ту­ра­та? Да­ли овој на­ро­ден хе­рој по втор­пат е жр­тва на до­маш­ни пре­дав­ни­ци, овој пат на пре­дав­нич­ка­та по­ли­ти­ка на За­ев и да­ли ста­ну­ва збор за очиг­ле­ден при­мер ка­ко ќе изг­ле­да бри­ше­ње­то на де­ло­ви од ма­ке­дон­ска­та исто­ри­ја?

Заев ќе стави потпис на предавството

Македонија се откажа од јазикот, историјата и од суверенитетот

Исто ка­ко на филм­ски­от жур­нал од 1942 го­ди­на за по­тре­би­те на фа­ши­стич­ка Бу­га­ри­ја од це­ре­мо­ни­ја­та за „обе­ди­ну­ва­ње“ на Ма­ке­до­ни­ја и на Бу­га­ри­ја сре­де скоп­ски­от пло­штад, се­га За­ев за Илин­ден ор­га­ни­зи­ра це­ре­мо­ни­ја на ко­ја ѝ се доз­во­лу­ва на Бу­га­ри­ја да ги пи­шу­ва ма­ке­дон­ски­те учеб­ни­ци, да ги вос­пи­ту­ва де­ца­та, да ја заб­лу­ди јав­но­ста пре­ку кон­тро­ла на ме­ди­у­ми­те, да ги цен­зу­ри­ра не­пос­луш­ни­те.  Два­е­сет и шест исто­ри­ча­ри, до­кто­ри по исто­ри­ски на­у­ки и уни­вер­зи­тет­ски про­фе­со­ри се спро­тив­ста­ву­ва­ат на оби­ди­те за ре­де­фи­ни­ра­ње и за фал­си­фи­ку­ва­ње на ма­ке­дон­ска­та исто­ри­ја, чи­ја­што ко­неч­на цел е уни­шту­ва­ње на ма­ке­дон­ска­та на­ци­ја

По по­чет­на­та еу­фо­ри­ја сле­ду­ва су­ро­ва ре­ал­ност

Ра­зо­ча­ру­ва­ња на се­кој че­кор од но­ва­та власт

Ма­ке­дон­ска­та вла­да уште во пр­ви­те 60  де­на од сво­јот ман­дат уви­де де­ка неј­зи­ни­те пла­но­ви за ме­ну­ва­ње на др­жа­ва­та во по­и­на­ков пра­вец од тој што го тур­ка­ше ВМРО – ДПМНЕ не функ­ци­о­ни­ра­ат. По­ра­неш­на­та опо­зи­ци­ја, ко­ја со го­ди­ни ја кри­ти­ку­ва­ше вла­да­та на Гру­ев­ски за „ди­кта­тор­ски, ре­жим­ски, не­де­мо­крат­ски, рас­ип­нич­ки“ и ни­за дру­ги по­греш­ни по­те­зи, се­га ги пра­ви исти­те че­ко­ри, без во­оп­што да по­чув­ству­ва де­ка тре­ба да ги об­јас­ну­ва. Се раз­би­ра, дел од при­чи­ни­те за ва­ква­та со­стој­ба мо­же да се кри­јат зад фа­ктот што вла­да­та се на­о­ѓа во пр­ви­те сто де­на во кои оче­ку­ва „ми­лост“ од јав­но­ста, но, ре­ал­но, прин­ци­пи­те врз кои функ­ци­о­ни­ра за­се­га, а не се по­вр­за­ни со ро­ко­ви, не да­ва­ат оп­ти­ми­зам де­ка и по 100 не­де­ли ра­бо­ти­те ќе се про­ме­нат дра­ма­тич­но

Суд­ски­те ре­фор­ми по ме­рак на За­ев

СДС те ту­жи, СДС те су­ди

Ви пре­чи ли не­кој во ос­тва­ру­ва­ње­то на пла­но­ви­те? Ви пр­ко­си ли во ис­пол­ну­ва­ње­то на пред­ви­де­ни­те и за­да­де­ни за­да­чи (то­гаш од Бел­град, се­га од Бри­сел и од Ва­шин­гтон)? Ви „тек­ну­ва“? Ве по­тсе­ту­ва ли на­ве­де­но­то на не­ко­го? Па, и со вре­мен­ска ди­стан­ца од по­ве­ќе од шест де­це­нии, не­кои ра­бо­ти, жел­би и на­чин на дејс­тву­ва­ње, во­оп­што, и не се про­ме­не­ти. Афи­ни­те­ти­те на по­ли­тич­ки­те ата­виз­ми, со­се­ма слу­чај­но, ка­ко и еден те­ле­сен од­ви­шок, по­сто­ја­но исп­ли­ву­ва­ат на по­вр­ши­на­та. Очиг­лед­но, во ге­нет­ски­от код на „ко­му­ња­ри­те“ е вре­жа­на сил­на­та и искон­ска по­тре­ба од по­мош и под­др­шка на т.н. „пре­ки суд“, тол­ку по­треб­на ала­тка за ели­ми­на­ци­ја на по­ли­тич­ки­те про­тив­ни­ци. Ве­лат де­ка нај­но­ва­та во ре­ди­ца­та ма­ки­ја­ве­ли­стич­ки ма­кси­ми на пар­ти­ја­та од „Па­вел Ша­тев“ би­ла: „Ме­ну­вам име и исто­ри­ја за судс­тво и дол­го вла­де­е­ње…“

 

Де­мо­кра­ти­ја со пре­вез на очи и лепенка на уста

Ми­ни­стерс­твото за про­па­ган­да ќе ја „за­креп­ну­ва“  др­жа­ва­та

Вла­да­та ќе ги др­жи под кон­тро­ла си­те ин­сти­ту­ции. Се­кто­рот за ин­фор­ми­ра­ње на јав­но­ста со 40 ли­ца пре­ку еден цен­тар ќе ги ко­ор­ди­ни­ра си­те ин­фор­ма­ции што ќе ги да­ва­ат вла­ди­ни­те те­ла. Со дру­ги збо­ро­ви, се фор­ми­ра ми­ни­стерс­тво за про­па­ган­да, кое, во се­кој слу­чај, ќе са­ка да пла­си­ра са­мо по­зи­тив­ни ин­фор­ма­ции за вла­да­та, а, во исто вре­ме, ќе ги бло­ки­ра ми­ни­стерс­тва­та и дру­ги­те ин­сти­ту­ции да да­ва­ат на­вре­ме­ни ин­фор­ма­ции, кои  мо­жат да ѝ на­ште­тат.

Колумна

Од­го­вор­ност

 

Об­ла­ци­те по­ми­ну­ва­ат, вре­ме­то те­че, а ние гле­да­ме мно­гу мал­ку од­го­вор­ност на на­ша­та по­ли­тич­ка сце­на. По­себ­но од тие, кои „го во­дат оро­то“, од тие, кои со за­ка­ни и при­ти­со­ци ста­наа власт. Ни­што по­до­бра не е си­ту­а­ци­ја­та во све­тот, а во не­кои де­ло­ви од пла­не­та­ва за­ца­ру­вал ви­стин­ски пе­кол во оп­штес­тве­на­та ре­ал­ност. Но, „се­то тоа на­ро­дот ќе го поз­ла­ти“ (Ла­за Ла­за­ре­виќ, 1881 г.). По­втор­но со за­ка­ни, при­ти­со­ци и со на­силс­тво.

Отсе­ко­гаш би­ло та­ка, не­до­сти­гот од од­го­вор­ност, ко­ја би про­из­лег­ла од по­чит­та кон дру­ги­от, со­за­да­ва ре­волт и конф­ли­кти, а има ли по­ма­ла од­го­вор­ност од чо­ве­ка што има по­зи­ци­ја на роб?

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top