| четврток, 6 декември 2018 |

Кумановци револтирани од градоначалникот Дамјановски: Жал ми е што ве гласав (видео)

Кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски денеска влезе во конфликт со своја сограѓанка откако таа ја прекина неговата прес-конференција за да ги каже проблемите кои ги има.

Додека градоначалникот даваше изјава за медиумите за реконструкција на улица во Куманово, жителка од околните куќи дојде и му посочи дека целата улица не е направена по што уследи жестока расправија меѓу неа и Дамјановски.

Граѓаните на населеното место Перо Чичо во Куманово се револтирани од неквалитетната изработка на улицата и игнорантскиот однос на Дамјановски и локалната самоуправа. Велат дека гневот се собира со години.

Му порачаа на градоначалникот и на СДСМ, дека на следните локални избори ќе видат дали народот е невротичен.

Дамјановски со навреди и обвинувања кон сограѓанка: Ти си невротична! (видео)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top