| четврток, 6 декември 2018 |

Заев со пенкало го руши тоа што Бугарија не успеа на сила (видео)

Зоран Заев деновиве на Бугарија ќе ја подари македонската историја, македонската посебност, македонскиот идентитет, јазик, култура, преку проектот наречен „еден народ, една историја“.

-Наша голема девиза, „Еден цар, еден народ, една држава“ се пренесува низ целата бугарска земја- вели коментаторот на ова бугарско видео од 1942 година, направено во Скопје за време на бугарската фашистичка окупација.

Тоа што бугарските фашисти не успеаја да го скршат во екот на втората светска војна, македонскиот непокор и борба, сега Заев со пенкало го руши и го предава на Софија.

Симболично, исто како на ова видео од 1942, среде Македонија во центарот на Скопје, на плоштадот кој тогаш на сила бил нарекуван „Цар Борис Трети“, е извршено „бугарско обединување“ на Бугарскиот народ, и обединување на грутки земја од „Македонија Тракија и западните покраини“ со бугарската земја; така сега среде Македонија Заев го покани Борисов да потпишат Договор во кој историјата станува заедничка, а јазикот и нацијата ги нема!

„Ние сме исто, еден народ“, порача Заев за бугарските медиуми пред да замине за Софија да се поклони пред „бугарскиот“ цар Самоил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top