| четврток, 6 декември 2018 |

Црвенковски среде Софија бараше признавање на македонската нација и јазик, Заев со леснотија ги прифати сите услови (видео)

-Неподготвеноста во Бугарија да се признае засебноста на македонскиот народ и засебноста на македонскиот јазик, создава сомнеж. Јас ви тврдам дека ако тоа прашање се реши, а може да го реши само бугарската страна, испочитувајќи го тоа право дека во тој момент, никаква резерва, во моментов и во наредните не знам колку години, децении или векови во односите меѓу двете земји, двата народи повеќе нема да постои, истакна среде Софија Бранко Црвенковски, тогашниот лидер на социјалдемократите при посета на Бугарија на средби со бугарскиот политички врв.

Тој се спротивставуваше на спогодба со Бугарија доколку не се признае македонскиот јазик и македонската нација.

За разлика од него, актуелниот Зоран Заев сега планира да потпише договор кој има далеку поголемо значење и од спогодбата на која Црвенковски своевремено се спротивставуваше и бараше Бугарија да ни ги признае нацијата и јазикот.

Партијата  генерално во тоа време многу остро ги бранеше националните интереси и беше против спогодбата која има далеку помало значење од договорот што планира да го потпише Заев, кој за време на дводневна посета во Софија договори нешто што многу Влади пред него не договориле, не затоа што е добар преговарач, туку затоа што очигледно со леснотија прифаќа услови и работи кои и одат на штета на Македонија.

Заев мора да го отвори договорот пред јавноста за да се дебатира и народот да знае колкава корист ќе има Бугарија, а колкава штета Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top