| четврток, 6 декември 2018 |

Ветераните на УЧК повторно бараат слобода за терористите од Диво Насеље

Таканаречените Ветерани на УЧК преку медиумите испратија отворено писмо до врвот на Албанија и на Косово, во кое повторно се бара ослободување на терористите од Диво Насеље. Во писмото адресирано до Нишани и Рама во Албанија, како и до Тачи и Мустафа во Косово, тие прашуваат зошто Албанија и Косово „се незаинтересирани за кумановската група.

Притоа во писмото Диво Насеље се нарекува „Населбата на Хероите во Куманово“, која сега е населена со цивили, каде што наоѓаа Борците на УЧК, реорганизирана“. Во писмото не се споменува убиството на осум македонски полицајци, ниту дека тие подготвувале терористички напади со цивилни жртви. Опишувајќи ја антитерористичката акција на безбедносните сили против групата која во мај 2015 година подготвуваше урбан тероризам во Македонија, во писмото се пишува за „бруталноста, дивјаштвото на БЈРМ“, од „славо-македонската полиција“ и „славо-македонските варвари“.

„Ако двете албански држави ги оставија овие луѓе како сираци, ние поранешните нивни соборци нема да ги оставиме како сираци“, гласи пораката пренесена од медиумите на албански јазик во регинот од организација на ветераните на УЧК до Приштина и Тирана.

Токму ветерани на УЧК присуствуваа Заев и присуствуваа на неговите митинзите, а Заев и неговите соработници истакнуваа дека имаат „снимки за вистината за Диво Насеље“.

Отворено писмо: Слобода за членовите од кумановската група

Претседателот на Република Албанија Г. Бујар Нишани

Претседателот на Република Косово Г. Хашим Тачи

Премиерот на Република Албанија Г. Еди Рама

Вршител на должноста Премиер на Република Косово, Г. Иса Мустафа

Од: Група на Ветераните

23 јули 2017, Приштина

 

Зошто е овој тотален молк од страна на двете држави, од Албанија и од Косово, во врска со случајот на кумановската група.

Зошто е оваа тотална незаинтересираност, за граѓаните на државата кои дадоа се од себе, за Слобода и Ослободување на Косово. Зошто е оваа незаинтересираност од албанската држава, кога со Устав и закони е обврзана да излезе во одбрана на Албанците, без разлика каде живеат тие.

Член 8

  1. Република Албанија ги брани националните права на албанскиот народ кој живее надвор од нејзините граници.
  2. Република Албанија ги брани правата на албанските државјани со привремен или постојан престој надвор од нејзините граници.
  3. Република Албанија им обезбедува помош на албанските државјани кои што живеат и работат надвор од државата за да ги одржат и да ги развијат односите со националното културно наследство.

Поминаа две години од случувањата во Населба на Хероите во Куманово, од 9-10 мај во 2015 година, случај кој ја вознемири широката јавност Национална и Меѓународна, за бруталноста, дивјаштвото на БЈРМ спрема еден дел од Населбата на Хероите во Куманово, која е населена со цивили, каде што наоѓаа Борците на УЧК, реорганизирана, или како што сега се познава Групата од Куманово. Во овие борби паднаа, во Алтарот на Слободата десет Народни Херои, и затворени 37 членови од оваа Група. Бруталност, насилство кое не запираше врз членовите на оваа група, се извршуваше од страна на славо-македонската полиција, кое е невидено до сега, и во судница ги носеа со повреди, од насилството на славо-македонските варвари. Додека пак молкот од двете држави, од албанските политички партии кои делуваат во БЈРМ, молкот на Организација на Ветераните на УЧК, молкот на албанското граѓанско општество, во сите Етнички територии на Албанија, е просто сиромаштија на граѓанското општество од страна на владите. Сега од пишувањата и изјавите на уапсените од овој случај, излегува на виделина една вистина: Кумановската Група и нејзините членови беа во контакт со високи преставници од тајните служби на  ДБК, Шенаси Мехмети и други членови на оваа тајна служба, исто така за оваа група знаеше и албанската тајна служба ШИК како и косовската АКИ.

Се поставува прашањето зошто не дејствуваа тајните служби на Албанија и Косово за спречување на ова предавство, затоа што изјавите на уапсените кажуваат дека и високи фунционери на ДУИ знаеа за оваа група, но како што се гледа Кумановската Група ја жртвуваа за цели кои само тие самите ги знаат.

Веќе две години трае монтираното и политичко судење за членовите на ова група и сега  е при крај, затоа од горенаведените и надлежни унституции бараме да се превземат сите потребни мерки, за бранење и ослободување на овие членови, затоа што самите нивни изјави кажуваат дека имале своја Платформа, нешто за кое вие погореспомнатите знаете многу добро.

Како група на Ветераните, бараме да се ослободат нашите другари, допринесувајки за мирот и стабилноста во БЈРМ и регионот , затоа што нашиот регион многу страдал од нестабилност и војни, веруваме дека е дојдено времето на мирот.

За секое ескалирање на ситуацијата, одговорноста паѓа врз криминалниот суд и државата БЈРМ, паѓа и врз вас.

Ние сме со нашите другари, со нашите соборци и со нивните фамилии и следиме како оди ситуацијата.

Ако двете албански држави ги оставија овие луѓе како сираци, ние поранешните нивни соборци нема да ги оставиме како сираци!!!

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top