| четврток, 6 декември 2018 |

Заев ги потврди ставовите на ВМРО-ДПМНЕ, единствен пречка за влез во НАТО на Македонија е проблемот со името (ВИДЕО)

Членството на Црна Гора во НАТО ги охрабри граѓаните на Македонија и целиот регион. Целиот регион има перспектива во НАТО. На Србија оваа перспектива ѝ веќе отворена и ние ги имаме истите стратешки цели пред нас. Македонија има условена отворена понуда од НАТО. Ако се реши проблемот со името, НАТО нема да одлучува дали ќе не покани, одлуката е донесена. Само треба да го решиме проблемот со името, одговори Зоран Заев на новинарското прашање дали може да гарантира дека Македонија ќе биде триесеттата членака на НАТО во ТВ-интервју дадено за босанската телевизија Н1.

Додека беше во опозиција, СДСМ ја обвинуваше ВМРО-ДПМНЕ дека со свoјата политика  ја оддалечува Македонија од членството во НАТО. Денес од позиција на власт СДСМ го потврди она што ВМРО-ДПМНЕ во целиот период го тврдеше, вистината дека единствена пречка за интеграција на Македонија во НАТО е спорот со името кој Македонија го има со Грција. СДСМ во предизборието вети дека експресно ќе ја внесе државата во НАТО, односно за 3 или 6 месеци, но сега тезата е променета. Прашањето сега е дали името може да се промени во период од 3 или 6 месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top