Еден од најдобрите пливaчи на сите времиња, Американецот Мајкл Фелпс, кој го држи рекордот по бројот на освоени олимписки медали, учествуваше во проект на каналот „Дискавери’“, кој сака да докаже кој е побрз, Фелпс или белата ајкула?
Американецот добро се носеше со ајкулата за време на трката на 100 метри, но на крајот мораше да се помири со пораз од најдобриот пливач во океанот. На крајот, на трката што беше симулација на настанот ајкулата беше побрза од Фелпс и заврши со време 36,1 секунди, а Американецот ја мина завршната линија за време од 38,1 секунди.
Фелпс по трката изјави дека не е навикнат да плива во океан и дека водата е многу поладна од базените што му направило голем проблем. Ајкулата беше фаворит и во јавноста пред двобојот со Фелпс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)