Откако српските медиуми утрово ја пренесоа веста дека Ана Николиќ станала мајка, сепак ова го демантираше самата пејачка. Таа реагирала преку својот Инстаграм профил и ги прозвала јавните гласила дека играње со вакви теми е премногу и не може да го игнорира.
– За мене се пишува се и сешто, скоро деценија и пол. Се лажело, се измислувало и сето тоа јас не го замерувам, бидејќи не сум јас некој соработник. Но да се игра со чувствителни теми, малку е дегутантно. Очекувам да се породам овие денови и сите сме нестрпливи. Ве молам за малку приватност и почитување, напишала пејачката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.