| четврток, 6 декември 2018 |

Буфон ќе тужи за папарацо фотографиите: Иларија се смееше со наведната глава

Откако легендарниот италијански голман Џиџи Буфон и неговата девојка Илариа Д’Амико беа уловени од папараците за време на нивниот летен одмор, „жешките“ фотографии веднаш беа објавени во јавноста. Поради една од нив, Буфон и неговата девојка преку своите адвокати најавија тужба за магазинот „Чи“, бидејќи една од објавените фотографии немала допирна точка со реалноста и тоа едноставно го нарушувало имиџот на познатата италијанска двојка.

– Илариа едноставно се смееше и ја наведна својата глава, а сликата е прикажана во друг контекст. Се работи за ситуација каде мора да се одбрани имиџот и чувствата на нивните деца. Магазинот прави манипулација со читателите и ги наведува да размислуваат во погрешна насока, стои во соопштението на адвокатите на Буфон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top