| четврток, 6 декември 2018 |

Орбан: Унгарија ќе покаже солидарност со Полска, која е подложена на „европска инквизиција“

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, денеска изјави дека неговата земја ќе се бори да ја одбрани Полска, која е под закана од санкции од Европската Унија заради нејзината намера да наметне владина контрола врз судскиот систем, пренесоа британските медиуми.

-Инквизициската офанзива против Полска никогаш нема да постигне успех, затоа што Унгарија ќе ги искористи сите законски можности во Европската Унија за да покаже солидарност со Полјаците, рече Орбан во говорот што беше пренесуван на телевизија од местото Бејле Тушнад, во Романија.

Слично како полскиот лидер, Јарослав Качински, и Орбан со години е во отворена конфронтација со Брисел, кој Унгарија ја обвинува за непочитување на демократските слободи.

Унгарскиот премиер се претставува како борец за слобода од прегратката на  ЕУ, додаваат британските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top