| четврток, 6 декември 2018 |

Бонучи се отвори: Си заминав од Јувентус само поради Алегри!

Леонардо Бонучи го приреди веројатно најголемото изненадување ова лето со преселбата од Јувентус во Милан.

По заминувањето на Бонучи во Милано почна да се шпекулира за причините поради кои се одлучил да ја напушти „Старата дама“. За да самиот фудбалер за италијанските медиуми конечно открие зошто токму еден ваков трансфер…

Бонучи пред неколку месеци имал вербален судир со Алегри поради кој бил исклучен од екипата, но се чини дека тоа не бил единствениот нивни меѓусебен судир. Тоа траело, а Бонучи повеќе не можел да издржи.

– Да се има расправии во клубот во текот на годините е сосема нормално, посебно затоа што јас секогаш го кажувам тоа што го мислам. Луѓето мислат дека тој судир беше единствен, но грешат… Таа нетрпеливост траеше. Вистина е дека тоа беше капка која ја прели чашата. Имаше такви ситуации и порано и повеќе не можев да издржам. Не сакав повеќе да се мачам себе си – вели Бонучи и продолжува:

– Знам дека ме чекаат свирежи секогаш кога ќе се вратам во Торино, но така беше и кога со Јувентус играв против Милан или било кој друг клуб. Секогаш противничките навивачи ми свиреле. Јас играм најдобро кога тие ќе ми дадат дополнителен мотив, и така ќе биде и ако навивачите на Јувентус ме дочекуваат со свирежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top